Војници во Австрија сексуално злоставувале жени кои се тестирале за ковид-19:„Сега ќе ти ставиме стапчиња во двете дупки“

Голем скандал ја потресе Австрија откако се појавиле обвиненија дека војници сексуално злоставувале жени при масовното тестирање за коронавирус во градот Грац.

Како што пишуваат тамошните медиуми, еден од војниците ѝ рекол на една жена: „Сега ќе ти ставиме стапчиња во двете дупки“.

„Кронен Цајтунг” пишува дека обвиненијата на сметка на војниците се многу сериозни.

– Најмалку две лица пријавија сексуално злоставување од страна на војниците при процесот на тестирање на коронавирус во Грац – изјавил портпаролот на воените сили, Михаел Бауер.

Тој рекол дека жените по тестирањето биле контактирани преку Фејсбук.

– Со оглед на тоа дека припадниците на Министерството за одбрана потпишале акт за заштита на податоците, ова претставува злоупотреба на службената положба – рекол Бауер.

Портпаролот истакнал дека му е многу жал поради инцидентот и им се извинил на жените кои биле злоставувани.

– Ова е недозволиво однесување. Отворена е истрага – рекол тој.

Засега не е познато колку жени биле злоставувани, ниту, пак, колку војници се осомничени за злоставувањето, како ни што точно правеле.

Бауер рекол дека една пријава е отфрлена, бидејќи жената на крајот одлучила сето тоа да го сфати како шега.

Властите ги повикале сите граѓани кои сметаат дека на било кој начин биле оштетени да се јават во Министерството преку мејл или во канцеларијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега