Вол стрит журнал: Трамп сака решение за косовскиот проблем пред изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повикал претседателите на Србија и Косово на разговори во Вашингтон на 27 јуни оваа година, објави американскиот весник Вол стрит журнал.

Како што пишува весникот, Трамп има намера да постигне конечен договор помеѓу двете држави пред претседателските избори годинава. Весникот истакнува дека решавањето на спорот околу статусот на Косово би можело да го стабилизира целиот регион на Западен Балкан и да го сврти кон Европската унија.

-И покрај ситуацијата во САД и ширењето на коронавирусот. Трамп се надева оти ќе осигура долгорожен одржлив формален мировен договор во регионот кој беше жариште на сопернички сили со цел да го подобри својот надворешнополитички кредибилитет. Но новото отворање на разговори веќе предизвика контроверзии во Европа, каде дипломатите сметаат оти Европската унија би можела да влезе во нов проблем, се вели во текстот.

И Србија и Косово потврдиле дека добиле повик за состанок во Белата куќа на 27 јуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега