Вонредни најави на метеоролозите - промена очекувајте уште од вечерва

Во текот на претстојната ноќ облачноста само накратко ќе се намали, сето ова ќе услови температурите позначително да опаднат па така до утре наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени додека на повисоките и на планинските места истите ќе се спуштат до околу па и под -10 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради ниските температури на воздухот по патиштата низ државава ќе има услови и за појава на голомразица па токму поради ваквата ситуација на пешаците ги предупредуваме да бидат внимателни како и каде се движат, исто така крајна претпазливост им препорачуваме и на возачите и тоа особено доколку се движат низ планинските превои.

Веќе од вторник па натаму под влијание на циклонскиот систем кој го најавивме врнежите ќе зачестат и ќе бидат поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките места и на планините снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка, повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои пониски места.

Исто така од вторник ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега