Вонредни најави од метеоролозите - какво време не очекува денеска и утре

Во текот на попладневните часови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира метеоролот Славчо Попоски

Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни, застапени во форма на невремепроследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Метеорологот предупредува во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Доста нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи, како и локална појава на невреме ќе се задржи и утре како и на почетокот од следната недела.

Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, додека утре истите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, што значи дека и понатаму останува топлото време кај нас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега