Вонредни најави од метеоролозите - очекувајте врнежи ветер со јачина од над 90 километри на час

Силниот северен ветер кој дува претпладнево, особено вдолж Повардарието и краткотрајно достигнува брзина над 90 километри на час,  услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд на квадратен метар наврнал во Тополчани (17 литри), во Крива Паланка 10, девет литри во Крушево, осум во Демир Капија, пет литри во  Претор, четири во Битола, три во Берово и два во Дебар.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот,  пак, локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега