Вооружена драма во Општина Карпош - мотивот е љубовен триаголник

Вработен во скопската општина Карпош вчера нападнал со нож сопруг на вработена во Општина Карпош Како што информираше МВР 34-годишниот С.А. со остар предмет му нанел повреда на 37-годишниот В.К., двајцата од Скопје. В.К. завршил во градската болница „8 Септември“.

Полицијата го испитува случајот, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев доделил отказни решенија на две лица, напаѓачот и жената, ангажирани со договор на дело.

Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека се работи за советници на општината, но Богоев информираше дека вмешаните во крвавата драма биле времено вработени во општинската администрација.

27.07.2021 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа