Вооружена драма во Скопје: Четворица мажи со повреди од нож и огнено оружје донесени во болница - едно лице почина

 

Четири лица со тешки повреди нанесни со оружје биле донесени во болници во Скопје, а еден од нив починал, информираше МВР.

-Вчера во околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден 29-годишниот Ш.П. од село Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал.

Во меѓувреме донесен бил и 28-годишниот Н.С. од село Батинци исто така со повреди, а со возило од итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ пренесени се 39-годишниот М.С. од село Батинци кој бил повреден од огнено оружје и 25-годишниот И.Г. од село Батинци кој бил повреден со нож. Според првични информации, во двор на угостителски објект во село Батинци, сопственост на 27-годишниот Р.Џ. од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож. Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од село Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили. Се преземаат мерки за расчистување на настанот - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега