Воспитувачка и дете заразени со МРСА во градинка во Скопје

Мрса откриена во градинка во Кисела Вода. Бактеријата која е отпорна на антибиотици прво била дијагностицирана кај воспитувачка која пријавила кај надлежните во градинката. Вчера инфекцијата е регистриана и кај дете кое е згрижено во установата. Од градинката случаите ги пријавиле во скопскиот центар за јавно здравје а вработената и детето се изолирани во домашни услови, јавува Сител.

-Оваа е МРСА во заедница и не е опасна за лица со нормален имунитет, не е ова болничката МРСА, односно хоспитална инфекција. Од градинката пријавија, ние ќе направиме дезинфекција. И восдпитувачката и детето немаат симптоми, не се болни а и не биле во иста група, вели др. Билјана Даниловска, ЦЈЗ Скопје.

Епидемиолозите уверуваат дека состојбата е под контрола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега