Воспитувачки малтетираат деца: После вознемирувачките снимки од приватна градинка во Белград најавена вонредна контрола

Доколку се утврди дека снимките се автентични, и институцијата и воспитувачката од приватната градинка „Замак“ во Вождовац, Белград ќе сносат последици.

Градската просветна инспекција, по итна наредба на секретарот за образование и заштита на децата Славко Гак, претпладне ќе изврши вонредна контрола на приватната градинка „Замак“, од која српските медиумите денес наведуваат дека се објавени снимки за злоупотреба на деца и непрофесионално однесување.

- Доколку се утврди дека снимките објавени од „Српски телеграф“ се автентични, и институцијата и воспитувачката од таа градинка ќе сносат последици. Инспекцијата ќе ги утврди фактите и институциите ќе продолжат да си ја вршат својата работа. Таквиот став кон децата е апсолутно несоодветен и недозволен во која било градинка, државна или приватна – рече Гак. Тој изјави дека дал наредба за итно истражување на наводите од медиумите и дека Секретаријатот за образование и заштита на децата и Просветниот инспекторат на град Белград не добиле никакви молби од родители или вработени во врска со начинот на работа во оваа градинка.

- Тоа засега не значи ништо. Во понатамошните одлуки ќе се водиме исклучиво од ставовите на инспекцијата по контролата – рече Гак. Тој ги повика родителите да пријават такви случаи доколку имаат информации за нив и да не чекаат со одговор. – Кога ќе добиеме приговори, веднаш ги проверуваме наводите, бидејќи не можеме да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети, од каде и да доаѓаат снимките – заклучи Гак.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа