Воведувањето вакцини во Австралија беше колосален неуспех, вели поранешниот премиер

Воведувањето на вакцината во Австралија беше „колосален неуспех“ затоа што владата не купи доволно вакцини, па државните граници најверојатно ќе останат затворени барем до почетокот на 2022 година, изјави поранешниот премиер Малком Турнбул за Би-Би-Си.

Премиерот Скот Морисон, критикуван за бавното воведување на вакцината, рече дека подобро снабдување со вакцини нема да обезбеди излез на Нов Јужен Велс од пет неделен карантин, но дека е потребно ефективно и правилно затворање.

Поранешниот премиер обвинува дека австралиската влада не купила доволно вакцини, обезбедувајќи само големи дози на „Астра зенка“, иако постоело големо двоумење околу таа вакцина.

„Тоа е најголемиот неуспех на државната администрација на кој што можам да се сетам“, рече Турнбул, кој беше премиер од 2015 до 2018 година, пред Морисон да го собори од лидерската позиција на партијата, а со тоа и од кабинетот на премиерот.

„Тоа беше колосален неуспех и проблемот е во тоа што не можете да го вратите времето и да поправите што требаше да се направи минатата година“, рече Турнбул.

„Самата причина за тоа што сме затворени – што е толку фрустрирачко кога се отвораат многу други делови на светот – е едноставно тоа што нашата влада не купила доволно вакцини“, изјави тој.

Макфакс

27.07.2021 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега