Воз и автомобил се судрија кај местото Лозово- жена со повреди итно пренесена во болница

На 13 декември 2019 околу 18:10 часот на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај село Лозово, се случила железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удрил во патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(30) од село Милино, информираат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобила И.Б. која била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега