Воз излета од шините кај Мелбурн, има жртви

Две лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички воз излета од шините кај Мелбурн, соопшти австралиската полиција.

Несреќата се случила синоќа, на околу 50 километри од Мелбурн.

Возот, во кој се наоѓале околу 160 патници, патувал од Сиднеј за Мелбурн.

Весникот „Ејџ“, повикувајќи се на Службата за итна помош, пишува дека пет лица се префрлени во болница, а неколку се полесно повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега