Воз удрил во автомобил кај Тетово- две лица повредени

 

Товарен воз удрил во автомобил пред влезот на жечезнчката станица во Тетово при што две лица биле повредени.

„На 13.08.2020 во 17.46 часот било пријавено дека пред влезот на железничка станица Тетово, поточно од стојалиштето Ратае кон железничка станица Тетово, на патен премин, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во патничко возило „цитроен“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале две лица, кои се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Тетово“ стои во полицискиот билтен.

За време на вршење увид, во периодот од 17.46 до 20.55 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега