Воз удрил во автомобил во Куманово- има повредени

 

Товарен воз удрил во автомобил на патен премин кај село Лопате.

„На 12.08.2020 во 00.45 часот било пријавено дека на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај с.Лопате, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од с.Оризаре, Липково“ велат од полиција.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега