Возач на погребално возило имал сообраќајна несреќа, дoдека возел починат човек

Возач на погребално возило од Битола вчера попладне учествувал во сообраќајна незгода, заедно со покојникот во автомобилот. Според извори на апла.мк, иако возачот немал видливи повреди сепак се упатил на преглед во битолската Болница. Без последици минало и телото на покојникот кое го превзеувал возачот во погребалното возило.

Од битолската полиција не можеа да го потврдат одвој настан, затоа што велат на територијата на СВР Битола вчера имало неколку сообраќајни незгоди, но немаат информација дали во некоја од нив учествувало погребално возило.

09.08.2022 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега