Возач тешко поврден- со автомобил излетал од патот кај Неготинска клучка

Возач со тешки повреди било пренесено во тетовската болница, откако со свтомобил изгубил контрола и излетал од патот.

-На 23.04.2021 околу 06.30 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на Неготинска клучка, патничко возило „даеву матиз“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(53) од кичевско Шутово, излетало од коловозот, информираат од МВР.

Во незгодата, Џ.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега