Возачот на автомобилот ги предупредувал сите - Позната причината за страшната несреќа во Хрватска

 


Страшна сообраќајна несреќа се случила ноќеска на автопатот А3 во Хрватска, при што загинале две лица, а над 30 се повредени.

Во кобниот инцидент учествувале автобус и автомобил од Босна и Херцеговина. Несреќата била предизвикана од судир на автомобил „голф“ со срна која излегла на автопатот.

Возачот на „голфот“ по ударот излегол да ги предупреди другите возачи, но во него удрил автобус кој не успеал да закочи.

Автобусот ја пробил заштитната ограда, се превртел и завршил во спротивната насока, изјавил Мирослав Голуб од противпожарната служба.

04.05.2025 - 12:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега