Возел пијан и без возачка дозвола, приведен маж од Крушево

 

На 21.06.2025 во 23:57 часот на регионалниот пат Крушево-Прилеп, на место викано „Врбоечко патче“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево го лишиле од слобода Р.К.(33) од Крушево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,81 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

22.06.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега