Возило излета од коловозот на патот „Тетово-Требош“


Денеска (23.09.2022) околу 05.10 во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на Требошкиот надвозник, патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(41) од тетовско Теарце, излетало од коловозот, информираат од МВР.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Х.(29) од тетовско Глоѓи со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, додаваат оттаму.

 

23.09.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега