Возило излета од пат во Македонија - Има повредени

Во 15.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, 39-годишниот Г.Џ. од Охрид, управувајќи патничко возило „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката, 32-годишната М.Џ. од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега