Возило излета од патот кај село Ерџелија: 23- годишниот возач со повреди пренесен во болница

 

Возило излетало од патот, по што едно лице било повредено и префрлено во болница во Штип.

Според пријавеното, вчера попладне во 14.00 часот било пријавено дека на надвозникот од локалниот пат село Ерџелија - село Кадрифаково, патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(23) од село Ерџелија, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега