Возило на МВР удри во мопеди - две девојчиња завршија во болница

 

Две девојчиња се здобиле со телесни повреди откако возило на МВР удрило во мопедите на кои тие се возеле.

-Вчера во 13:15 часот на паркинг  кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44) , враќајќи се наназад удрило во запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од М.Ѓ.(22),  и запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од С.Ѓ.(21), двајцата од Скопје. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) од Скопје и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега