Вознемирувачки снимки од Белорусија: Полицијата пука на граѓаните

Белоруските специјални сили со сачмарка пукаа на луѓе во Минск кои од балконите им кажуваа на демонстрантите каде да се сокријат.

Покрај метро станицата „Грушевка“ од полициски автомобил излета специјалната полиција. Демонстрантите почнаа да бегаат. Од балконите на околните згради луѓе им викаа каде да се сокријат, а одговорот на тоа беше пукање со огнено оружје, јавува дописник на руска агенција.

Белоруското здружение на новинари соопшти дека уапсени се двајца полски новинари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега