Вознемирувачко видео: Девојка по грешка скокна од мост во Колумбија без безбедносно јаже- слушнала погрешен знак

 

Младата адвокатка Јасенија Моралес (25) се подготвуваше за својот прв скок во банџи и отпатува со своето момче на популарна дестинација за скокање во Колумбија, но не заврши сè добро.

Моралес скокна од вијадуктот во Амага, северна Колумбија, бидејќи го слушнала знакот,кој за жал, бил наменет за нејзиното момче.

Не беше врзана за безбедносното јаже околу глуждовите, скокна и овој скок заврши фатално за неа, пренесува Daily Mail.

Нејзиното момче било пред неа во редица кога се приближија до платформата, а парот бил 90-ти по ред во тој ден и кога вработените му дадоа знак на момчето да скокне, Моралес скокна затоа што погрешно разбрала за кого е наменет знакот и покрај тоа што го нема на глуждовите имаше закачено јаже.

Скокнала во бездната и останала мртва на лице место, а момчето веднаш истрчало да и помогне. Тој прв се најде покрај неа и попусто се обидуваше да и даде вештачко дишење.

Пожарникарите од Амага можеа да констатираат смрт.

Густаво Гузман, градоначалникот на Фредонија, за „El Tiempo“ изјави дека е збунета,

-Сигналот беше испратен до нејзиното момче бидејќи тој веќе беше врзан со опрема за безбедност, а таа имаше ставено само заштитна кацига, па се збуни и побрза, рече Гузман.

Нејзиното момче се уште е на лекување поради повредите што ги здоби при трчање кон неа и сѐ уште е во шок.

Според локалните медиуми, лекарите од болницата изјавиле дека Моралес доживеала срцев удар пред да ја допре земјата.

-Мојата сестра беше девојка со најдобри квалитети, среќна, спонтана, им помагаше на сите што можеше и ги сакаше своите пријатели исто како што тие ја сакаа.

Локалните власти отворија истрага по обвинувањата дека две компании кои снабдуваат опрема и нудат услуги на локацијата не биле овластени за тоа.

22.07.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега