Вознемирувачко видео: Хамас нападна илјадници млади луѓе кои беа на фестивал во близина на Газа, не се знае бројот на загинати

 

Хамас изврши напад и на забава на отворено во Урим, предградие на градот Офаким во јужен Израел, недалеку од Газа.

На забавата присуствуваа илјадници млади луѓе. На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа како младите луѓе бегаат. Не е познато колку луѓе се убиени и ранети таму.

Гили Јоскович била таму кога избило пукањето и со часови се криела во ров за да преживее.

Јас бев првата што отиде, изјави таа за Би-Би-Си.

„На некои луѓе им требаа два до три часа за да излезат. Луѓето умираа на целиот пат. Многу, многу луѓе умреа на патот. Кој се обиде да побегне беше пукано од двете страни“, рече таа.

Нејзиниот партнер Боаз Порат се сеќава: „Имаше тела десно и лево. Навистина можеше да се види дека терористите вадеа луѓе од автомобилот и пукаа во нив“.

 

08.10.2023 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега