Вознемирувачко видео: Летале шлаканици и боксови - пилот и стјуардеса раскинале, па се степале во авион

Тепачка меѓу пилот и стјуардеса на американски авио-превозник, инаку поранешни љубовници е снимена за време на лет во авион.

Шокантни снимки од безбедносните камери од меѓународниот аеродром во Денвер неодамна се појавиле на интернет и предизвикале загриженост во јавноста во Америка.

Снимката покажува пресметка меѓу пилото и вработената во Рпубалик Ервејз во авион.

На видеото се гледа како 36-годишниот Вилијам Томас ја плука 29-годишната Мариша Спорер. Потоа таа му удира шлаканица, за подоцна Томас да ја нападне , па да ја удри во лице и стомак.

„Свесни сме за ситуацијата која се случила минатиот месец во која учествуваа двајца наши вработени. Истраживме и преземавме одговарачки мерки во склад со нашите уверувања дека таквото однесување е неприфатливо3, рекол портпаролот на Републикан Ервејз.

АБЦ Њуз дознава дека тие двајца биле во врска од декември минатата година, а се ексалирало кога Спорер видела нешто на мобилниот телефон на Томас, што не ѝ се допаднало/

„Двајцата се согласиле да раскинат, а Томас во авионот седнал како копилот, додека Спореро отишла до вратата. Се разлутила и се вратила за да му се спротистави. Спорер го зграбила Томас за вратоврската и три пати го удрила по лице. Томас возвратил така што ја удирал во ребра“, стои во соопштението за нападот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега