Вознемирувачко видео: Нова снимка од врсничко насилство во Србија - на момче му ја кршат раката бидејќи не сака да се тепа

Само што се смири јавноста поради врсничкото насилство во основното училиште во Барајево каде две девојчиња се тепаа една со друга, денеска се појави нова снимка со насилство.

На снимката од основното училиште „Бранко Радичевиќ“ во Велика Моштаница се гледа како момче го тепа 12-годишниот С.К., ученик од шесто одделение.

Тој завршил во Институтот за мајка и дете поради скршена рака, а според изјавата на неговата мајка, до брутално насилство дошло затоа што момчето не сакало да се тепа.

За ситуацијата да биде полоша, околу момчињата кои се тепале се собрале и другите деца кои ке се обидувале да го спречат насилството, туку навивале.

Мајката вели дека С.К. бил истепан од 13-годишниот У.Ј., а целиот случај со телефони го снимиле децата кои гледале. Очајната мајка, освен кај директорот, насилството го пријавила и во полиција. Малиот С.К. паднал во депресија, и ја молел својата мајка да го префрли во друго училиште, рекла мајката за Курир.рс

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега