Вработени во скопски маркет спречиле грабеж со пиштол

Непознато лице со закана со пиштол се обидело да ограби маркет во Скопје, но побегнало откако вработените му се спротивставиле.

-Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„11 Октомври“ едно лице со закана со пиштол се обиделo од вработените да одземе пари, но откако му пружиле отпор, побегнало, при што турнало една од вработените, која се повредила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега