Вработените во Амазон добиваат неделни бонуси за доаѓање на време на работа

Амазон им нуди неделен бонус од 50 фунти на постојаните работници во Британија, доколку дојдат на работа на време, објави Би -Би -Си.

Наградата важи за работниците кои работеле секој ден, со исклучок на инвалидитет или ако се на боледување поради „Ковид-19“.

Амазон вели дека наградата ќе и помогне на компанијата да ги исполни своите летни и божиќни деловни цели.

Онлајн гигантот за малопродажба минатата недела понудил бонус од илјада евра за работниците во складиштата кои започнуваат со работа пред 18 -ти септември.

Се нудат стимулации во време кога британскиот пазар на труд закрепнува, поради што бројот на слободни работни места во август бил на рекордно високо ниво.

„Во моментов нудиме бонус за доаѓање на голем број локации на вработените со полно работно време кои ќе го поддржат нашето летно барање и ќе ни помогнат да се подготвиме за сезоната на празници“, рече портпаролот на Амазон.

Бонусот ќе се плаќа неделно врз основа на 100 проценти присуство во сите смени, освен за отсуства според Законот за еднаквост или неприсуство поврзано со „Ковид-19“.

Амазон се соочил со критики за лошите услови за работа во Британија и во други делови на светот, а некои поранешни работници ја обвинија компанијата дека ги третира како роботи.

Некои индустрии во Британија се борат со недостаток на работна сила, главно возачи.

 

02.09.2021 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега