Вратите за граѓаните ги отвори уште еден градоначалник: Ќе ги решавам проблемите на народот и ќе ја реализирам програмата

„Навистина огромна е честа и задоволството да се биде прв меѓу еднаквите, да се служи на граѓаните на општина Штип. Од денес официјално, вратите на општина Штип ќе бидат широко отворени за сите наши сограѓани, од денес официјално јавните претпријатија и институциите под локалната самоуправа ќе бидат во служба на нашите сограѓани“-истакна Иван Јорданов, градоначалникот на Штип на денешната прес конференција.

Тој додаде: „Да ја вратиме изгубената доверба, да служиме на народот и да работиме заеднички за сето она кое го имаме зацртано во нашата изборна програма, заеднички да го реализираме и да создадеме нова иднина за Штип.

Проблемите со коишто се среќаваат и ќе се среќаваат нашите сограѓани, имаме обврска како локална власт, а јас како градоначалник, да ги решаваме. Јас сум убеден дека со повеќе желба, енергија и волја којашто ќе ја посветиме кон овој град, ќе создадеме нова иднина и ќе ги реализираме проектите со кои сум убеден дека ќе ја вратиме довербата на нашите сограѓани“.

25.10.2021 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега