Вредат милиони, а ги оставаат во пустелија: Во Дубаи отпад за луксузни автомобили (ВИДЕО)

Ако ви е потребна, да речеме врата за Ферари, или шовершајбна за Ламбурџини, ова е местото каде може да ги пронајдете.

Тука се наоѓаат луксизни оштетени автомобили од целиот свет, но има и обични.

Странските медиуми пренесуваат дека голем број бизнисмени банкнотирале поради светската економска криза, па своите автомобили мора да ги остава на улица. Во Обединетите Арапски Емирати нема дефиниран закон за исплата на долгови кога се работи за вакви возила, па голем број завршуваат напуштени и тоа со клуч во нив. Неодамна едно „Ферари“ е најдено на паркингот на аеродромот во Дубаи заедно со клучевите во него.

Во автомобилите можат да се најадт и други ситници кои припаѓале на претходните сопственици.

Голем број на автомобилите завршуваат на аукција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега