Време е да се испита потеклото на коронавирусот- СЗО испраќа специјален тим во Кина

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ги поминат следните два дена во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на корона вирусот во Кина.

Ветеринар и епидемиолог ќе се обидат да ги утврдат обемот и задачите на идната мисија во Пекинг утре и задутре, со што ќе се утврди како вирусот преминал од животно на човек, се наведува во соопштението на СЗО, пренесува АП.

Научниците веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а потоа се раширил преку друг цицач кај луѓето на пазарот на свежа храна во Вухан минатата година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега