Време: Уште еден пролетен ден - високи температури и за викендот

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според прогнозата на УХМР,  во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот, наместа засилен ветер од јужен правец.

-Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи

22.02.2024 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега