Врховен ги потврди казните за Груевски, Јанкуловска и Поповски за случајот „Тенк“

Врховниот суд на Република Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

По предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, Врховниот суд одлучувал на 17 септември 2020 година.

– Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје, објави денеска Врховниот суд.

За предметот „Тенк“ поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор за примање награда за противзаконито влијание за набавката на луксузен „мерцедес“, ексминистерката за внатрешни работи доби казна затвор во траење од четири години, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа