Врховниот лидер на Иран: Ги бакнуваме рацете на оние кои планираа напад врз ционистичкиот режим

 

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи негираше вмешаност на Иран во смртоносните напади од Хамас во саботата.

Сепак, според преводот на „Ројтерс“, тој рече: „Ги бакнуваме рацете на оние кои планираа напад врз ционистичкиот режим“.

Иран е познат по тоа што го финансира Хамас и ги снабдува милитантите со обука и оружје. Повеќе од 900 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападот на Хамас врз Израел, а околу 2.400 беа ранети.

10.10.2023 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега