Врие во СДСМ: Заев уште од сега може да му честита на Груевски за победата

До точка на вриење е атмосферата на Бихаќка откако Заев и раководството на СДСМ ги објавија кандидатските листи со кои лидерот ќе ја бара довербата од граѓаните.
Поголем дел од членството е револтирано и смета дека овие листи се признавање на изборниот пораз уште пред да почнат изборите.
„Станува збор за послушници на Заев и лица кои немаат некоја партиска километража. Се чини дека ќе гледаме реприза на изборите од 2014та и периодот кој следуваше по нив. Се чини дека се прави подготовка повторно да не се признаат изборните резултати“ – вели висок функционер на СДСМ кој вели дека ќе се дистанцира од партиските активности по објавувањето на листите.
Тој додава дека на неколку часа пред да бидат објавени листите, раководството на СДСМ престанало воопшто да му се јавува на телефон и биле скратени сите контакти. Истото го вели и еден поранешен пратеник и високо позициониран функционер во структурите на Бихаќка.
„Ова е срамота. На нашите места се поставуваат луѓе кои немаат апсолутно ништо направено за партијата. Затоа и губиме 10 години. Се бутаат во Собранието за да земаат плата 4 години. Од сега можеме да им ја честитаме победата на ВМРО-ДПМНЕ“ – вели функционерот.

Не само што го исмеаја новинарите блиски на неговата партија, неговите гласни поддржувачи, не само што го разочара членството, особено довчерашните пратеници Софија Куновска и Горан Сугарески, кој беше и координатор на пратеничката група во Собранието, Заев ги разочара и гласачите, симпатизерите на СДСМ.Незадоволство, револт и разочараност на секој чекор. Не само што го исмеаја новинарите блиски на неговата партија, неговите гласни поддржувачи, не само што го разочара членството, особено довчерашните пратеници Софија Куновска и Горан Сугарески, кој беше и координатор на пратеничката група во Собранието, Заев ги разочара и гласачите, симпатизерите на СДСМ.

 

Бркајќи ги албанските гласови, удоволувајќи им на платеничките револуционери, затскривајќи се зад граѓанскиот сектор, зад различните, зелените, Заев и СДСМ останаа без гласачко тело. Вистинска мистерија е за каде ги подготвуваше „победничките листи“ и како планира да победи со нив, пишува Република.

По револтот на граѓаните може да се заклучи дека од денеска до 11 декември може само да мавта со „победничките листи“, но не и да победи.

zaev1

 

komentari-1-e1478473255769-520x828

 

komentari-2-520x101

komentari-3-520x356

 

 
 
08.11.2016 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега