Втор бран на ковид-19: Болниците во Париз од овој викенд ќе одложат 20 отсто од хируршките операции

Дирекцијата на париските болници соопшти дека е принудена да одложи хируршки интервенции „од овој викенд”, поради зголемен број на пациенти кои се позитивни на ковид-19 во одделите за интензивна нега.

 

Бројот на пациенти со ковид кои се хоспитализирани во парсиките билници се искачи од 150 на почетокот на септември на 330 во средата. Здравствените власти очекуваат до 600 на крајот на месецот.

– Расте и бројот на пациенти кои се примени на интензивна нега. Пред три недели беа 50, вчера 132 и  бројката веројатно ќе се искачи над 200 во наредната недела, соопшти заменик директорот, Франсоа Кремијо.

– Сега е потребно одложување. Сакавме да го избегнеме по секоја цена, но париските болници ќе бидат принудени да го сторат тоа од овој викенд, заради пациентите со ковид-19 на одделенијата за интензивна нега, објасни тој.

Болниците се надеваат дека новите ограничувања што вчера ги објави министерот за здравство, Оливие Веран, ќе овозможат да се запре епидемискиот скок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа