Вучиќ: Ако мислите да доаѓате во Србија со барање да го признаеме Косово, воопшто не доаѓајте

Србија ќе преговара за компромисно решение, но ако некој мисли да дојде во Белград и да ни каже да го признаеме Косово – тоа нема да се случи, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој во интервју за грчкиот весник Катимерини, на прашањето за корекцијата на границите како можен дел од решението на косовската криза, постави контрапрашање – за кои граници станува збор, за оние кои ги признаваат Кина, Русија, Грција и Шпанија, или оние кои ги признаваат Франција и Германија.

На повтореното прашање на новинарот за сценариото за размена на територии, Вучиќ потсети дека Србија секогаш барала компромис и дека не сака да се наметне решение кое ќе биде во интерес само на една страна.

„Ние сме спремни и отворени да преговараме за какво било компромисно решение. Некои спомнуваат други модели, но не ни нудат ништо конкретно. Ако некој мисли да дојде во Белград и да ни каже да го признаеме Косово и Метохија како независна земја, тоа нема да се случи“, кажа Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега