Вучиќ: Ако нешто сум ветил на Западот за Косово досега ќе го исполнев

Ако нешто сум му ветил на Западот за прашањето на Косово и Метохија, како што некои тврдат, како тоа до сега не сум го исполнил, праша српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС.

Тој вчера вечер гостуваше во емисијата Упитник, каде порача дека ќе продолжи да се бори за Косово и Метохија и српскиот народ со цело срце и жар.

На прашањето да го коментира тоа што Вук Јеремиќ кажа дека „Вучиќ и Тони Блер разговараат во ОН за модалитетите на признавање на косовската независност“ и дали нешто му ветил на Западот, Вучиќ одговори:

„Како тоа досега не сум исполнил ништо и како тоа досега не го решиле она што сметаа дека го решиле во 2008 година?“

Издржавме тешки притисоци и ќе има уште потешки притисоци, истакна Вучиќ.

„Србите не бегаат од компромис. Знам дека Србите мислат и не бегам од истражување. Борбата ќе ја продолжиме, компромисот не е порз на Србија, знам дека до него тешко ќе се дојде, бидејќи српските уши тоа не сакаат да го слушнат“.

На коментарот на водителката дека не соопштил што значи компромисот, Вучиќ кажа: „Никогаш не соопштив што значи компромисот... Иако овие експерти би го прифатиле моделот на двете Германии, не сум сигурен дека тоа е најповолното решение – затоа што некој мора да се бави со иднината на одговорен начин. Некој мора да разбере што е најдобро, но тоа би било многу полесно да се испорача, отколку некои други нешта“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2019 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега