Вучиќ: Ако Приштина поднесе тужба за геноцид, гарантирам дека Србија ќе излезе како победник

Гарантирам дека во случај Приштина да покрене тужба за наводен геноцид на Косово, Србија ќе излезе како победник од сето тоа, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ.

Коментирајќи ги ваквите најави од приштинските политичари, Вучиќ рече дека тие не можат да го покренат прашањето самостојно зашто не се суверена земја.

-Ќе мора да го сторат тоа под туѓо знаме, а потоа ќе предизвика други видови компликации, но јас гарантирам дека Србија ќе излезе како победник од сето тоа, рекол Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Претседателството на Српската напредна партија (СНС) во Белград.

Тој рече дека очекува „многу важни“ средби во наредниот период, меѓу другите и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел. Вучиќ исто така додал дека „долго време“ не бил изненаден со некое писмо, особено ако доаѓа од Брисел, како што бил задоволен од писмото што му го испратила претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во врска со соработката со ЕУ на изградбата на брзата пруга Белград-Ниш-Прешево.

-Ова ќе заштеди 700-800 милиони евра, ќе го добиеме од европските даночни обврзници, но нема да го промени нивното мислење за Косово, вели Вучиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега