Вучиќ: Ќе ја победиме мафијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и какви било други последици“.

 

-Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои луѓе во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, но ќе ги победиме, им ветувам и гарантирам на граѓаните, без оглед на личните, политичките и какви било други последици- истакна Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател рече дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 година се бореше против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои успеаја во тоа“.

-Ја обновивме земјата. Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст, платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро- заклучи Вучиќ во видео обраќањето.

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега