Вучиќ му честиташе на Хандке: Србија ве смета за вистински пријател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му честиташе на писателот Петер Хандке, кој во вторникот ја доби Нобеловата награда за литература.


-Србија ве смета за вистински пријател. Дозволете ми да кажам дека Нобеловата награда за вас, ја сметаме како да сме ја добиле самите ние. Сега, освен Иво Андриќ, имаме уште еден нобеловец- истакна Вучиќ.

Вучиќ исто така истакна дека Хандке е награден со Нобел за „извонредната литературна работа, знаење и креативност“, но и за „неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство“.

Хандке ја прими Нобеловата награда за 2019 година ја прими денеска.

Церемонијата во Стокхолм беше бојкотирана од неколку земји, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Хрватска, Турција и Македонија, поради неговите ставови кон војните на просторите на поранешна Југославија и поддршката која му ја даваше на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега