Вучиќ: Србија е посветена на својот пат кон ЕУ, но сакаме јасни сигнали

По средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис,српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека посочил оти Србија е цврсто решена да го забрза европскиот пат кон ЕУ, но дека очекува јасни сигнали за поддршка од Европа на тој пат.

„Недвосмислено му кажав на Мицотакис дека Србија е цврсто решена да продолжи и да го забрза својот европски пат, дека сме ѝ благодарни на Грција за таа поддршка и дека тоа не е само формална реченица што политичарите ја изговараат, туку дека е од суштинско значење за нашата земја“ - рече Вучиќ и додаде:

„Но, исто така реков дека разбирам оти во Европа не се секогаш задоволни од сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат оти и ние очекуваме јасни сигнали да ја поддржиме Србија на нејзиниот пат“.

12.02.2024 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега