Вучиќ за загадувањето на воздухот: Моите деца живеат во најзагадениот дел од Србија, па често ги изнесуваме надвор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше утринава во утринската програма каде зборувал за актуелните теми - од загадување на воздухот до изборниот цензус.

Гостувањето на претседателот било отоврено со темата загадување на воздухот за кое рекол дека е реален проблем, но и кампања. Проблем е, но не во мера и начин на кој медиумите со него се занимаваат, затоа што ете никој не спомена дека Белград вчера и завчера има исто ниво на загадување, како да речеме, Милано во Италија,м еден од најбогатите и најразвиените градови.

-Моите три деца живеат во најзагадениот дел од Србија и Белград, во Нов Белград, па Вукан редовно го носиме надвор, најнормално...И мене ме изнесувале мене - рекол Вучиќ на самиот почеток додавајчи дека денес проблем е глобалното затоплување, потоа зголемувањето на патниот сообраќај. Зголемувањето на стандардите донело и поголем број на автомобили така што денес во Белград има дури 350.000 автомобили, двојно повеќе од пред 10 години. Тој додал дека ситуацијата со загадувањето била иста како и кога тој бил дете.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега