За автопатот Кичево-Охрид нови 8,2 милиони евра

Градежните работи на автопатот од Кичево до Охрид на Коридорот 8 ќе чинат 8,2 милиони евра, пишува Фактор.

Милионскиот договор кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија, а кој е со рок на траење од 65 месеци или 5 години и пет месеци, 41 месец се за изградба на автопатот, а другите се за надзор во фазата по изградбата. Во делот кога ќе се гради, Јавното претпријатие всушност остава простор од 11 месеци од сега планираните ако евентуално има некои пролонгирања. Министерот Благој Бочварски, а и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми еднаш веќе најавија дека рокот за изградба ќе биде пролонгиран до крајот на 2023 година односно до 31 декември таа година.

06.07.2021 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега