За градоначалник на Македонски Брод ќе се одлучува во вториот круг од изборите

Градоначалник на општина  Македонски Брод ќе се бира за две недели на вториот круг на локалните избори. Гласачите ќе избираат помеѓу кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата Жарко Ристески, кој во првиот  изборен круг освои 1418 гласа или 33,79% отсто и независниот кандидат Аце Новески, кој во првиот круг освои 1198  гласа или 31,59% отсто од гласовите.

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ , Жарко Ристески очекува неизвесна трка и со добра излезност на граѓаните, очекува  резултат во негова полза.

-Задоволен сум од резултатот остварен во првиот круг на Локалните избори за градоначалник на општина Македонски Брод. Ги повикувам нашите сограѓани и во вториот круг да излезат во рекорден број како и при првиот и да го дадат гласот за кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ. Ветувам подеднаков развој на целата општина како на самиот град, така и на селата во нашиот регион. Со забрзаниот развој и новите инвестиции, ќе придонесеме општина Македоснки Брод да се вброи во редот на поразвиените општини, а со тоа ќе се намали и иселувањето на помладото население. Нема да изостанат ни интензивните активности во инфраструктурата и на сите други полиња, за да жителите од нашата општина имаат што поудобен живот, рече Ристески.

Првпат на локални избори во вториот круг СДСМ нема свој кандидат.

Што се однесува до Советот на општина Македонски Брод, традиционално предводат кандидатите од независните листи, овојпат ги има четири, СДСМ ќе партиципира во новиот совет со тројца советници, ВМРО – ДПМНЕ со двајца и по еден имаат Левица и Единствена Македонија, поддржана од партијата на Јанко Бачев.

18.10.2021 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега