За несреќата во Венеција тројца осомничени за повеќекратно убиство, убиство на пат…

Обвинителството во Венеција подигна истрага за три лица за минатонеделната автобуска несреќа во градот Местре, во која загинаа 21 лице, објави денеска локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија Ла Лине и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за сообраќај и мобилност за копненото подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

 

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

 

21 лице загина, а околу 20 се повредени откако автобус со туристи излета од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запали.

 

Во несреќата загинаа една Хрватка, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и Италијанец, возачот на автобусот.

 

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешно свртел, но има и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

 

 

12.10.2023 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега