За оние кои планираат да патуваат во Германија: Задолжителен карантин за луѓето што престојувале во ризично подрачје од Ковид-19

Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во Германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од Македонија, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19“.

Амбасадата додава дека оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, а изземени се само патници кои транзитираат со автомобил или авион.

– Сите лица се дополнително обврзани најмногу 48 часа пред влезот да направат Ковид-тест, чиј резултат треба да го носат со себе на хартија или како електронски документ на германски, англиски или француски јазик и во рок од десет дена по влезот и веднаш да и го приложат на надлежната служба по барање, а пред да тргнат на пат да се пријават на веб-страната www.einreiseanmeldung.de, сенаведува во објавата на Амбасадата.

Од Амбасадата додаваат дека само ако не е можно дигитално пријавување за влез, може да се приложи известување во писмена форма како замена за него, но патниците мора да носат со себе испечатена потврда од нивната пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа