За пописот нема да треба лична карта ?!?

„Лицето што ќе се затекне во домот при посетата на попишувачот, ќе може да даде податоци за себе, но и за другите лица што живеат во домот, малолетни или полнолетни, а кои во моментот не се присутни во домот“, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во денешното интервју за „Слободен печат.

„Нема да инсистираме на документ за идентификација, треба да има, но некаков документ од каде што може да го извлечеме матичниот број, бидејќи ако го имаме овој податок, тогаш лесно се наоѓа лицето во пописната база“

Симовски вели дека според светскиот стандард, односно дефиницијата на ОН, која важи во сите земји во светот, во категоријата на вкупно население не може да влезат оние што живеат надвор од државата подолго од една година, но ќе влезат странците што живеат во нашата земја подолго од една година.

„Ние ќе прибираме податоци и за лицата што живеат надвор од државата, но тие нема да влезат во категоријата вкупно население“ вели директорот на ДЗС.

 

 

 

19.11.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега