За што разговарале Џастин Бибер и Емануел Макрон?

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга, Брижит Макрон, ги угостиле пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Бибер, во понеделникот во Париз.

Како што пренесуваат француските медиуми, канадскиот пејач барал лично да се сретне со францускиот претседател, за да разговара за 'прашањето поврзано со младите'.

Бибер на Инстаграм објави заедничка фотографија, на која позира во одело со раскопчана кошула, ланче околу вратот, а посебно внимание привлекле неговите сини патики. Од друга страна, францускиот претседател, очекувано, облекол формално сиво одело и кравата.

Џастин и Хајли се видени како излегуваат во Елисејската палата носејќи маски, а пејачот после разговорот ги поздравил своите фанови преку прозорецот на претседателскиот кабинет.

Инаку, парот претходните денови ги поминал во Париз, а иако медиумите не ги дознале деталите од разговорот помеѓу поп ѕвездата и францускиот претседател, состанокот се одржал токму на денот на годишата музичка прослава во Франција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

23.06.2021 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа